Швајнштајгер обвинет за расизам

Поранешниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер е обвинет за користење расистички стереотипи во неговата анализа на Брегот на Слоновата Коска

Прегледи:

Датум:

Поранешниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер е обвинет за користење расистички стереотипи во неговата анализа на Брегот на Слоновата Коска.

Пред натпреварот во Торонто, кој Германија го доби со 2-1, Швајнштајгер, како коментатор за германскиот јавен сервис, рече дека Брегот на Слоновата Коска играл „африкански фудбал“, кој го окарактеризирал како „понекогаш необичен, малку див, не многу тактичен“.

Неговите коментари предизвикаа реакции на социјалните мрежи и во германските мејнстрим медиуми.

Тој е обвинет за користење расистички и колонијални термини што ги сведуваат црно кожите на физички атрибути, наместо да ги припишуваат на нивните интелектуални способности.

„Зад атрибути како „див“ и „непредвидлив“ стојат стереотипи кои се постари од фудбалот и имаат расистички и колонијални корени“, објасни Филип Авуну, германски новинар.

Тој додаде дека не верува дека Швајнштајгер е расист, но дека неговите коментари го одразуваат мислењето на многу германски фудбалски фанови и експерти.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬📸 Џонсон: Вембањама има потреба од подобрување на својата игра

По силните настапи на дебитантот Дилан Харпер минатата сезона...

Дончиќ: Да се ​​биде лидер на Лејкерси дефинитивно е нова задача, но навикнат сум на оваа одговорност

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ ги сподели своите очекувања за...

Работнички претстави ново засилување

КК Работнички АД Скопје синоќа го претстави новото засилување...

📷🎥 Зелено светло од институциите: Рома со конкретен чекор кон напуштање на „Олимпико“

Раководството на Рома објави официјално соопштение во врска со...