Араухо ги помина медицинските прегледи, Ливерпул ќе го претстави денес

Роналд Араухо денес ги помина медицинските прегледи, а се очекува Ливерпул официјално да го објави неговиот трансфер денес попладне

Прегледи:

Датум:

Роналд Араухо денес ги помина медицинските прегледи, а се очекува Ливерпул официјално да го објави неговиот трансфер денес попладне. 27-годишниот Уругваец ќе игра на „Енфилд“ како позајмен од Барселона, а англискиот клуб ќе ја покрие целата негова плата. Договорот меѓу двата клуба вклучува опција за откуп, која вреди 44 милиони евра, но не е задолжителна.

Информацијата дека Ливерпул и Барселона постигнале таков договор излезе доцна во петокот навечер и беше апсолутно изненадување, бидејќи никаде претходно не беше откриено дека се водат такви разговори. Сепак, на „црвените“ им беше потребен уште еден човек во одбраната кој може да игра и во центарот на одбраната и како десен бек, па таков договор е целосно оправдан од гледна точка на англискиот клуб.

Барселона, пак, мораше да се ослободи од високата плата на Араухо за да може да го привлече Родри од Манчестер Сити.

Уругваецот пристигна во Ливерпул вчера и веќе успешно ги помина сите тестови, па се очекува само официјална потврда од клубовите, што треба да стане факт во наредните часови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...