КК Чаир не ги исполнил условите за настап во Супер лигата, КФСМ објави конкурс за испразнетото место

Поради неисполнувањето на пропишаните услови, КК Чаир 2030 АД не го реализира спортски стекнатото право на настап во Супер лигата – мажи за сезоната 2026/27, со што во највисокиот степен на натпреварување се создава едно (1) испразнето место.

Прегледи:

Датум:

По завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнувањето на обврските поврзани со финансиската дисциплина, констатирано е дека КК Чаир 2030 АД – Скопје не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на федерацијата за настап во Супер лигата – мажи за натпреварувачката сезона 2026/27, соопштија од Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ)

Поради неисполнувањето на пропишаните услови, КК Чаир 2030 АД не го реализира спортски стекнатото право на настап во Супер лигата – мажи за сезоната 2026/27, со што во највисокиот степен на натпреварување се создава едно (1) испразнето место.

Наведеното не претставува исклучување на клубот од системот на натпреварување на Кошаркарската федерација на Македонија, стои во соопштението.

Согласно важечките Пропозиции, клуб кој не ја исполнува обврската од член 7.1 не остварува право на настап во повисокиот степен, туку се префрла за еден степен во понизок ранг на натпреварување.

Оттука, КК Чаир 2030 АД може да го реализира правото на настап во Првата македонска лига – мажи за сезоната 2026/27, под услов претходно да ги исполни сите финансиски, административни, лиценцни и други обврски утврдени со важечките акти и одлуки на федерацијата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Инфантино подготвен да исплати милиони на Федерациите: „Нема однапред да го одредувам износот“

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е подготвен да разговара...

📽️ Инцидент во Пекинг: Ѓоковиќ удрен со капа во главата по тренинг

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ имаше непријатно искуство по...

Емотивно збогување во Токио: Нишикори против Тијафо на завршниот турнир на јапонската легенда

Јапонската тениска икона Кеи Нишикори се подготвува за својот...

🎬📸 Џонсон: Вембањама има потреба од подобрување на својата игра

По силните настапи на дебитантот Дилан Харпер минатата сезона...