ФИФА презема чекори за враќање на Русија во меѓународниот фудбал

Четири години по почетокот на инвазијата на Украина, ФИФА се обидува да ја отвори вратата за враќање на Русија во меѓународниот фудбал

Прегледи:

Датум:

Четири години по почетокот на инвазијата на Украина, ФИФА се обидува да ја отвори вратата за враќање на Русија во меѓународниот фудбал. Кога го најави Светското првенство до 15 години, кое ќе се одржи во Азербејџан во октомври, светското фудбалско тело изјави дека е отворено за сите. Иако Русија не беше спомената, од организацијата потврдија за АФП дека се „отворени за сите членки на ФИФА“.

Тоа значи дека руски тим може да учествува. Иако руските национални тимови се суспендирани од меѓународни турнири од 2022 година, ФИФА никогаш не го исфрлила Рускиот фудбалски сојуз.

Русите го сфатија ова како позитивен знак и покана за враќање. „Ја поздравуваме одлуката на ФИФА да ѝ дозволи на руската репрезентација да учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи во Азербејџан во октомври 2026 година. Ова е важен чекор кон враќањето на руските тимови во меѓународниот спорт“, објави на социјалните медиуми министерот за спорт на земјата, Михаил Дегтјарев.

Одлуката може да се смета за чекор кон постепено укинување на ограничувањата за руските и белоруските спортисти. Во мај, Меѓународниот олимписки комитет препорача укинување на ограничувањата за белоруските спортисти, но задржување на ограничувањата за руските спортисти.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...