Тимот на Дончиќ носи засилувања од Евролигата

Лука Дончиќ официјално го започна новиот проект – BC Roma SPQR, а првото големо засилување на амбициозниот римски клуб е италијанскиот репрезентативец Нико Менион

Прегледи:

Датум:

Лука Дончиќ официјално го започна новиот проект – BC Roma SPQR, а првото големо засилување на амбициозниот римски клуб е италијанскиот репрезентативец Нико Менион.

Менион ќе биде еден од темелите на новиот тим што Дончиќ го гради во италијанската престолнина заедно со искусниот кошаркарски оперативец Дони Нелсон.

Според „Eurohoops“, Дончиќ и Нелсон веќе водат разговори со градските власти на Рим и претставници на Италијанската кошаркарска федерација за да го завршат формалното основање на клубот.

Доаѓањето на Менион претставува прво големо име во проект кој има големи амбиции. Италијанскиот плејмејкер има НБА искуство зад себе во дресот на Голден Стејт Вориорс, за кој одигра 30 натпревари, а може да се пофали и со титулата победник на Еврокупот.

Менион го носеше дресот на Армани минатата сезона.

Со овој потег, Дончиќ испрати јасна порака дека сака конкурентен тим од самиот почеток, и се очекува Roma SPQR да продолжи да привлекува познати имиња од европската и светската кошарка во наредниот период.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...