Мурињо: Би сакал играчите на Реал да изгубат и да одат на одмор

Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека сака да ги задржи најдобрите играчи во тимот. Во разговор во поткастот на поранешниот англиски фудбалер Адебајо Акинфенва, португалскиот стручњак нагласи дека не е заинтересиран за проблемите во соблекувалната минатата сезона.

Прегледи:

Датум:

Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека сака да ги задржи најдобрите играчи во тимот. Во разговор во поткастот на поранешниот англиски фудбалер Адебајо Акинфенва, португалскиот стручњак нагласи дека не е заинтересиран за проблемите во соблекувалната минатата сезона.

„Прочитав дека Жозе ќе дојде и ќе отстрани некои од најдобрите играчи кои наводно предизвикале проблеми. Не, не. Ги сакам тие играчи, ги сакам најдобрите играчи. Мојата задача е да најдам начин да направам тим од нив и да ги избегнам проблемите за кои читав во претходните сезони“, рече Мурињо.

Тој нагласи дека премногу ѕвезди на едно место не е проблем.

„Да ги имаш најдобрите играчи е најдобриот проблем што може да го има еден тренер. Вистинскиот проблем настанува кога имаш играчи кои не се доволно добри“, нагласи Португалецот.

Зборувајќи за својата досегашна кариера, Мурињо ја издвои онаа во Реал Мадрид како најдобрата соблекувална што ја водел.

„Ја сакате вистината? Би сакал играчите на Реал да изгубат и да одат на одмор, бидејќи сакам да ги имам достапни за подготовки што е можно поскоро“, рече Мурињо, објаснувајќи дека негов приоритет е репрезентативците што е можно поскоро да ги завршат своите обврски и да се приклучат на клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...