Роналдињо потпиша за Равена: „Едвај чекам да затанцувам со топката“

Легендарниот Бразилец Роналдињо денес потпиша договор со Равена, повеќе од една деценија откако заврши неговата кариера

Прегледи:

Датум:

Легендарниот Бразилец Роналдињо денес потпиша договор со Равена, повеќе од една деценија откако заврши неговата кариера.

Равена се натпреварува во Серија Ц.

„Едвај чекам да затанцувам со топката“, рече 46-годишниот Бразилец.

„Фудбалот отсекогаш ми носеше радост и возбуден сум што ќе го донесам тој дух во Равена. Нека започне магијата“, рече Роналдињо.

Сопственикот на клубот Игнасио Чипријани призна дека Роналдињо бил негов идол.

„Роналдињо беше мој идол додека растев. Се надевам дека неговото учество ќе инспирира нова генерација навивачи да се заљубат во Равена“, рече Чипријани.

Роналдињо ја заврши својата кариера со Флуминенсе во 2015 година. Меѓу бројните тимски и индивидуални титули и трофеи, тој го освои Светското првенство во 2002 година со бразилската репрезентација и Златната топка во 2005 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...