Ивановски ја мина првата пречка на ИТФ М25 Загреб

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Калин Ивановски ја мина првата пречка во синг конкуренција на ИТФ М25 Загреб турнирот откако денеска го победи Јан Фацек од Чешка со 2-0 во сетови (6-2 6-3) за 82 минути

Прегледи:

Датум:

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Калин Ивановски ја мина првата пречка во синг конкуренција на ИТФ М25 Загреб турнирот откако денеска го победи Јан Фацек од Чешка со 2-0 во сетови (6-2 6-3) за 82 минути. Тој во следното коло ќе игра со Павлос Циципас од Грција, кој со 2-0 во сетови го победи Кирил Кивацев.

Ивановски во првиот сет направи два брејка во првиот и во петтиот гем, а тоа му овозможи предност и водство од 5:1 и сетот го заврши со 6:2. Во вториот сет резултатот беше изедначен до 3:3, а потоа следуваше мини-серија на Ивановски од три гема со два брејка и по реализацијата на втората меч топка го доби сетот со 6:3.

Од македонските репрезентативци утре настап ќе има и првиот носител Олег Приходко, кој ќе игра против Хлеб Секачов во поединечна конкуренција.

Во конкуренција на двојки Ивановски и Амар Хусеиновиќ ги очекуваат ривалите, како и Приходко и Андреј Чепелев. Ова значи дека утре (четврток) Ивановски и Приходко ќе имаат двојна програма.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Епидемија на повреди во Лигата на нации: Не се одиграни ниту половина од натпреварите, а ситуацијата е драстична

УЕФА направи голема промена во календарот на националните тимови...

Кабајел ќе ја брани титулата во WBC против непоразен Албанец

Агит Кабајел ќе ја има првата одбрана на својата...

Сабаленка пред турнирот во Пекинг: Се чувствувам свежа и силна

Арина Сабаленка во вторникот изјави дека се чувствува „свежа“...

Геиџи ги негираше гласините за тоа како завршила борбата со Топурија

Новиот неоспорен шампион во лесна категорија на UFC, Џастин...