Ефремовски: Работиме напорно на секој тренинг и мислам дека од ден на ден изгледаме подобро

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, а првиот предизвик е против Ирска

Прегледи:

Датум:

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, а првиот предизвик е против Ирска.

Еден од играчите од кои се очекува значаен придонес е Виктор Ефремовски, зборуваше за работата на тимот и очекувањата пред дуелот кој е закажан за 2 јули во салата „Лазар Лечиќ“.

„Подготовките досега се одвиваат одлично. Работиме напорно на секој тренинг и мислам дека од ден на ден изгледаме подобро. Атмосферата е навистина добра, сите сме максимално посветени и верувам дека до почетокот на натпреварите ќе бидеме целосно подготвени“, вели Ефремовски.

Македонија во продолжението од претквалификациите ќе треба да ја задржи првата позиција во групата „А“.

„Не очекува важен натпревар против Ирска и свесни сме дека нема да биде лесно. Тие доаѓаат со пет-шест нови играчи, па сигурно ќе има промени во нивната игра. Нашиот фокус е на нашата игра и на тоа да го дадеме максимумот. Ако одиграме дисциплинирано и ги исполниме задачите од селекторот, верувам дека можеме до позитивен резултат и до остварување на нашата цел“, додава македонскиот репрезентативец.

„Црвено-жолтите“ продолжуваат со тренинзите, а главниот предизвик е дуелот со Ирска, кој ќе биде прв чекор кон потврдување на амбициите во овој циклус.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Леброн претставен во дресот на Филаделфија: Не дојдов за да бидам елиминиран во втората рунда

Леброн Џејмс се појави во дресот на Филаделфија 76ерс...

Порзингис има здравствени проблеми и не е познато кога ќе се врати во игра

Центарот на Голден Стејт Вориорс, Кристапс Порзингис, има здравствени...

Седлоски: Очекувам фудбалерите да покажат поголем квалитет и карактер на теренот

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува вториот натпревар...

Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата, изјави Димитриевски пред мечот со Словенија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски на...