Јакимовски: Хемијата во тимот е добра и останува на нас да победиме

Кошаркарската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе ја одредат конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, а целта е со нови победи да се потврди лидерската позиција и пласманот во главната квалификациска фаза.

Крилото Андреј Јакимовски очекува тежок натпревар против Ирска, но верува во квалитетот и подготвеноста на македонскиот состав.

„Не очекува еден од најбитните натпревари досега. Со победа против Ирска ќе го обезбедиме првото место во групата и затоа мора да се подготвиме најдобро што можеме. Имаме нов играч во репрезентацијата, хемијата во тимот е добра и останува на нас да победиме“, вели Јакимовски.

Ирска во Скопје ќе пристигне со променет состав, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред средбата.

„Ќе биде тешко, затоа што Ирците доаѓаат со нова екипа. Со пет-шест нови играчи. Не знаеме колку се тие добри играчи и како играат, но останува на нас да го добиеме натпреварот“, додава македонскиот репрезентативец.

За разлика од претходниот февруарски циклус, националниот тим овојпат има повеќе време за подготовка и за запознавање со барањата на новиот стручен штаб.

„Имаме доволно време да се запознаеме со она што го бара селекторот, со неговиот систем и начин на работа. Работиме напорно секој ден и засега работите одат одлично“, истакнува Јакимовски.

Пред официјалните натпревари од ФИБА „прозорецот“, Македонија ќе одигра уште една контролна средба. Утре од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје следува проверка против Бугарија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Судиите нудат компромис за АБА лигата: Прифатени 700 евра по натпревар, но бараат и дополнителни услови

Судиите од АБА лигата испратија компромисен предлог до раководството...

Нови проблеми за Барселона, Рафиња се повреди во дресот на репрезентацијата

Нови лоши вести пристигнаа за навивачите и тренерскиот персонал...

Адвокатите на ФИФА: УЕФА го малтретира Инфантино

Адвокатите на ФИФА тврдат дека УЕФА го малтретира претседателот...

🎥Гордон: „Не ја ценеа мојата фудбалска интелигенција во Премиер лигата“

Англискиот репрезентативец Ентони Гордон, кој треба да игра против...