Тодоровиќ е нов тренер на Кожув

Кошаркарскиот клуб Кожув денеска соопшти дека Миодраг Тодоровиќ е новиот тренер на тимот

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Кожув денеска соопшти дека Миодраг Тодоровиќ е новиот тренер на тимот.
Тодоровиќ во Кожув доаѓа од екипата КК Маџари, каде што ја извршуваше функцијата главен тренер и работеше на развојот и напредокот на тимот.
Претходно беше дел од стручниот штаб на КК МЗТ Скопје како помошен тренер, стекнувајќи значајно искуство на највисоко клупско ниво во македонската кошарка.
Воедно, тој е и селектор на македонската репрезентација до 18 години.
Во претходната сезона, Тодоровиќ беше избран за најдобар тренер во македонската Супер Лига, како признание за неговата работа, резултати и професионален пристап, стои во соопштението на тимот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...