На полувремето беше малку погласно во соблекувалната, рече Стојановски по победата над Унгарија

Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, беше задоволен од реакцијата на своите избраници во второто полувреме против Унгарија, но посочи дека тимот повторно имал лош почеток на натпреварот

Прегледи:

Датум:

Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, беше задоволен од реакцијата на своите избраници во второто полувреме против Унгарија, но посочи дека тимот повторно имал лош почеток на натпреварот.

„Лошо прво полувреме. Повторно паѓаме после нивна серија од 11:0. Пак не бевме добри во скокот и во делењето на топката. Се обидувавме сè со сила, без контрола. Тие пет тројки што ги погодивме нè држеа во игра. На полувремето беше малку погласно во соблекувалната. Повторно апелиравме на скокот и на делењето на топката. И тоа се случи во второто полувреме. Одигравме добра, солидна одбрана, без непотребни испаѓања. Во второто полувреме имавме 25:17 во скокови, а мислам дека имавме и 15 асистенции повеќе од првото полувреме.

Македонија со оваа победа продолжува во борбата за 13. место, а последниот предизвик ќе биде Бугарија.

„Гледаме напред и сакаме да завршиме со победа. Бугарија е одлична екипа со добар тренер, ги знаеме уште од тест-натпреварите. Но, тука сме дома, сакаме да победиме и ќе дадеме сè од себе. Се надеваме дека ќе дојде многу повеќе публика“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...