Стојановски по поразот од Ирска: „Срамота е тоа што го покажавме во второто полувреме“

Македонската кадетска репрезентација претрпе пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во второто полувреме целосно попушти против Ирска

Прегледи:

Датум:

Македонската кадетска репрезентација претрпе пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во второто полувреме целосно попушти против Ирска.

По доброто прво полувреме, следуваше голем пад во играта, особено во одбраната и борбата за скок, што резултираше со убедлив пораз од 58:83.

Селекторот Дејан Стојановски беше исклучително критичен по натпреварот, посочувајќи ги пристапот, изгубените топки, скокот и недостатокот на тимска игра како клучни причини за ваквото издание.

„Срамота е тоа што го покажавме во второто полувреме! Повторно имавме изгубени топки во лоши моменти, а речиси секоја загубена топка ја казнувавме со примен кош. Кога ќе ја погледнете статистиката – 67 скока за Ирска, од кои дури 29 офанзивни – мислам дека такво нешто досега немам видено.Не ја делевме топката и не игравме како тим. Мислам дека иако денеска беше во мал број, бидејќи со ваков пристап е срамота да се игра за репрезентација. Ова беше нашето најлошо полувреме на првенството“, изјави Стојановски по мечот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...